Девојка која исчезна во март во Србија е пронајдена

Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.

Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.

„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.

 
24.04.2024 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега