ЗНМ: Во тек е процесот на гласање за нов претседател на ЗНМ и членови на Управните тела

Во тек е процесот на гласање за нов претседател на ЗНМ и членови на Управните тела, информираат од Здружение за новинари на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на денешното изборно собрание, кое се одржува во х.„Александар Палас“ во Скопје, треба да избере претседател за наредниот четиригодишен мандат, како и членови на органите и телата на Здружението.

За функцијата претседател се кандидирани тројца новинари, Младен Чадикоски, досегашниот претседател на ЗНМ, новинарката Филијана Кока и новинарот Марјан Николовски.

На Собранието присуствуваат 456 новинари и медиумски работници од вкупно 815 колку што се зачленети во Здружението, а до сега покрај изборот на комисиите за работа на комисијата присутните го усвоија извештајот за работата на ЗНМ и финансискиот извештај за 2022 година.

По усвојвувањето на записникот од претходното собрание се очекува да започне претставување на кандидатите за претседател на ЗНМ, а веднаш потоа со тајно гласање новинарите ќе одлучат кому ќе му ја дадат својата доверба за да го предводи ЗНМ во наредниот период.

03.12.2022 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа