Знамиња на половина копје во БиХ - поради трагичната смрт на четирите учлителки ден на жалост во цела земја

Собранието во Босна и Херцеговина на вчерашната телефонска седница донесе одлука дека 16. април ќе се прогласи за ден на жалост во Босна и Херцеговина поради трагичната смрт на четирите колешки вработени во основно училиште.

Ден на жалост се обележува со задолжително местење на знамињата на Босна и Херцеговина на половина копје.

Поради трагичната смрт на четирите вработени во сараевско основно училиште ден на жалост претходно е прогласен на ниво на Сараево.

Да потсетиме, во петокот четирите вработени во ова училиште загинаа на патот Сараево-Пал каде автомобилот во кој се наоѓаа излета во провалија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега