„Знам дека ме изневеруваше, ама се уште одам на неговиот гроб“ - сопругата раскажа каков ѝ бил животот со легендарниот пејач

Неодамна навршија 28 години од смртта на легендарниот пејач Тома Здравковиќ, а неговата сопруга Гордана се присетува како изгледал нејзиниот живот со пејачот. Таа за српски „Блиц“  раскажа дека  по неговата смрт се вратила во Канада каде што живее и неговиот син Александар.

„Ние се запознавме во Торонто сосема случајно. Тома пееше во некоја кафеана каде започна сè, а потоа се венчавме и живеевме заедно до неговата смрт“, вели Гордана и додава: „Кога доаѓам во Србија секогаш мислам дека ќе го сретнам него, додека не дојдам на неговиот гроб и да сфатам дека навистина повеќе го нема.“

Таа вели дека не му замерува бидејќи лесно се заљубувал.

„Знаев за сите негови неверства. Тој лесно се впушташе во авантура. Мене тоа не ми пречеше бидејќи тој инспирацијата ја пронаоѓаше сретнувајќи многу жени. Воопшто не се сомневам дека се заљубувал повеќе пати, бидејќи беше таков по природа“, раскажува таа за српски „Блиц“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега