„Знаеш ли ти кој сум јас?“- Објавена снимка како Бранислав Лечиќ зборува за силувањето на актерката

Српски „Инсајдер“ објави аудио снимка на која познатиот српски актер и политичар Бранислав Лечиќ зборува со актерката Даниела Штајнфелд, неколку години по случајот во кој таа го обвинува дека ја силувал.

Српските медиуми денеска објавија дека прославениот актер и поранешен српски министер за култура, според исказот на Штајнфелд, ја силувал во неговиот автомобил во 2012 година. Актерката првпат се појави во јавноста со ваквите тврдења лани во август, кога рече дека била силувата од „моќник од филмската индустрија“, без да го открие неговиот идентитет. Таа вели дека не е единствената жртва на сексуалните напади на Лечиќ.

На аудио снимката од телефонски разговор кој го забележала самата актерка и која сега е предадена во Јавното обвинителство како доказ во еветуалната постапка против актерот, се слуша како тој и сега 37-годишната Штајнфелд зборуваат за нивниот сексуален однос, за кој актерката вели дека не дала согласност.

Лечиќ ѝ објаснува дека тоа не било понижување, како што вели таа, туку негов начин на искажување на нежност. Тој ѝ кажува и дека таа требала да биде почестена што тој се интересирал за неа на таков начин, наместо да се чувствува загрозена.

Во интервју за „Инсајдер“, сега 37-годишната Штајнфелд, која живее во САД, вели дека снимката покажува оти Лечиќ не го негирал случајот, а во исто време се обидел да го релативизира и „објасни“.

Лечиќ е еден од најнаградуваните српски актери, а имаше и забележителна политичка кариера, која го доведе и до позицијата министер за култура

Аудио снимката била првпат објавена лани, во документарниот филм „Зацели ме“ на Штајнфелд, во кој таа зборува за повеќе случаи на сексуално насилство, вклучувајќи го и нејзиниот. Во филмот, во кој се пренесени и видеоснимки што актерката ги направила од самата себеси непосредно по наводното силување од страна на колегата, гласот на Лечиќ бил изменет за да се сокрие неговиот идентитет. Снимката со неизменет глас сега е предадена во српското Обвинителство.

Во соопштение испратено до медиумите по повод исказот на Штајнфелд, Бранислав Лечиќ вели дека обвинувањето е „најгнасната лага“ со која некој се обидел да го дискредитира.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Insajder Produkcija (@insajder_net)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2021 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа