Веста за страотниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој однесе најмалку 47 животи, ги отвори старите рани во Кочани. Роднините на загинатите во пожарот во „Пулс“, обединети во Здружението „16-ти март 2025“, испратија емотивно писмо до Швајцарската амбасада, изразувајќи длабока солидарност со семејствата на настраданите.

„Ние, семејствата на починатите во пожарот во Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот. Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите“, стои во нивната порака.

Тие истакнуваат дека оваа трагедија ги вратила во денот кога нивните животи се поделиле на „пред“ и „по“. „Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана. Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање и со тивка поддршка“, порачаа од Здружението.

Exit mobile version