Змија касна жена во Неготино, со халуцинации итно пренесена на Инфективна во Скопје

 

Неготинка била касната од змија во текот на вчерашниот ден и вечерта била пренесена на Инфективна клиника, изјави денеска за МИА доктор Диме Коцев, директор на Општа болница Кавадарци.

Средовечната жена била касната попладнето, иако носела ракавици, бидејќи, најверојатно работела на нива, но во болницата се јавила во 21 часот. 

- Жената ја примивме во болницата, доби серум и на почетокот немаше некои посебни симптоми. Но, по околу два часа имаше визуелни халуцинации. Не сакавме да ризикуваме и во придружба на анестезиолог ја препративме на Инфективната клиника во Скопје, поради можни задоцнети реакции, рече Коцев. 

Тој упати апел до населението за внимателност и нагласи дека отровот кај змиите е најсилен во овој период. 

 

 

 

26.04.2018 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега