Злосторство кое го потресе регионот: Слободан си ја убил сопругата, па легнал покрај неа

37-годишниот Слободан Милјуш крвнички ја претепал и убил својата сопруга Звјездана Бенкун, со која живеел во Лас Вегас. Тој несреќната жена ја удирал со палка по глава, а се претпоставува дека тоа го правел затоа што, после 13 години брак, му рекла дека сака развод.

Убиството го пријавил нивниот 12-годишен син. Тој повикал полиција и рекол дека неговиот татко ја претепал мајка му со палка. Полицијата го собрала детето на бензинска пумпа и го однела со полициски автомобил, а потоа отишла до нивниот стан каде затекнале отворен прозор од спалната соба.

Таму наишле на морничава глетка - Збјездана била во локва крв, додека Слободан лежел покрај неа неповреден.

Жената имала слаб пулс, но починала брзо откако биле примена во болница. Слободан се предал и бил одведен во притвор, а против него ќе биде подигнато обвинение за убиство.

Инаку, Звјездана е од Босна, а Слободан од Србија. Имале две деца и двајцата напорно работеле да ги прехранат.

Слободан е возач и често бил на пат. а Звјездана работела повеќе работи за да ги прехрани децата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега