„Злосторникот ми ја киднапирал ќерката и со часови ја мачел“ - се огласи мајката на Анѓела од Кралево

Вера Симиќ, мајката на 22-годишната Анѓела Симиќ од село Чукојевац кај Кралево, која завчера со нож беше искасапена од 26-годишниот Александар Тодоровиќ во напуштена куќа, кој потоа се обесил, вели дека нејзината ќерка не била во врска со Александар, туку дека тој со месеци ја прогонувал и дека ѝ се заканувал со убиство.

Несреќната мајка вели дека Анѓела успеала, иако тешко ранета, таа кобна ноќ да ѝ се јави и да ѝ каже што се случило.

-Анѓела прво ми рече: „Мама он ме киднапираше кога излегов од автобус“. Како што ми објасни тој го следел автобусот во кој влегла она. Штом излегла, ја натерал да влезе во автомобилот и ја однел во таа куќа. Знам дека седум пати ја прободел со нож и дека тешко ? го повредил белодробното крило. Не знам како ја мачел, можеби ја силувал. Добро е што си пресудил себеси, затоа што ако не го направеше тоа, јас ќе му пресудев со голи раце. Ми ја искасапи ќерката. Монструм - рекла таа.

Вера тврди дека Александар и нејзината ќерка никогаш не биле во врска.

-Со тој злосторник никогаш не била во врска. Тој ја прогонуваше изминативе 5-6 месеци, од моментот кога ја запозна. Ја пресретнуваше, ? земаше пари. ? велеше дека му требаат за лекови. ? се јавуваше на телефон и ѝ се закануваше дека ќе ја убие, ќе ме убие мене и мојот брат. Знам дека неколку патиму кажа на пријателот кој работи во полиција што ѝ прави Александар - раскажала вознемирената мајка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега