Злато теретани и кожа: Луксуз во авионите на Путин и Трамп, еден е поскап за пола милијарда долари (видео)

Авионите на претседателот Трамп и Путин се вистински летаќки тврдини, но како на безбедноста не е штедено ни на ентериерот и луксузот.Тие на самитот во Хелсинки пристигнааа со авионите а медиумите веднаш направија споредба кој е подобар.

Авионот на Путин:

Авионот АЛ-96300ПУ, чинел 500 милиони долари, а опремен е со најмодерна технологија која ја движи оваа летачка палата, како што ја нарекоа медиумите. Однадвр изгледа како обичен патнички авион, иако по димензии е нешто поголем, но од внатре е опремен како луксузен хотел.

Распонот на крилата му е 65 метри, колку  што е и долг, а максималната тежина која може да ја понесе е 270 тони. Ентериерот е во светли бои со многу бела кожа и златни детали.

Рускиот преседател има флота од 4 идентични авиони.

Од безбедносни причини според патот се бира и авион, а преостанатите три или барем еден го следат авионот во кој е Путин, но мал е бројот на луѓе кои знаат во кој авион е тој.

Авионот на Трамп

Ни американскиот "Er Fors 1" (Air Force One),не е ништо помалку луксузн.Модификуваниот „Боинг 747-200с служи како преседателски авион од 1987 година.

Авионот има 372 метри и како и авионот на Трам поседува команден центар во случај на непредвидлива ситуација или напад.

Има две кујни, теретана и туш кабина, а опремеен е со 87 телефони и опрема за видео конференција, а има и дополнивање на реервоарот во воздух.

Се претпоставува дека чини милијарда долари.

 

 

 

19.07.2018 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега