Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Будимпешта порача дека односите меѓу САД и Унгарија се на историски највисоко ниво, нарекувајќи го овој период „златна фаза“ на соработка. На средбата со премиерот Виктор Орбан беше потпишан нов договор за соработка во областа на нуклеарната енергија, а беше потврдено и враќањето на безвизниот режим за унгарските граѓани кои патуваат во САД.

„Унгарија стана важен партнер на САД. Под водство на премиерот Орбан, земјата создаде стабилна деловна средина“, изјави Рубио. Тој истакна дека од јануари минатата година се донесени одлуки за 17 нови американски инвестиции во Унгарија, што е рекордна бројка.

Орбан возврати со пофалби за американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека односите никогаш не биле толку избалансирани и водени од добри намери. „Не се сеќавам кога односите биле на толку високо ниво.Можеби кога нè посети Буш постариот, но никогаш не сме биле тука каде што сме сега“, рече унгарскиот премиер.

Exit mobile version