Златко Марин не се дава - и тој ќе бара кандидатура за градоначалник на Аеродром

Актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин денеска официјално во просториите на ОО СДСМ Аеродром ја доставил кандидатурата за уште еден мандат и се заблагодари на членовите во сите месни одбори кои му дале поддршката.

– Во првиот мандат како градоначалник на Општина Аеродром ми беа потребни многу труд, време и енергија да се согледаат низата пропусти, аномалии, а воедно и да се постават вистинските цели, визии како и главната мисија со која веќе се промовираме како Општина лидер во земјата и во регионот со сигурна европска иднина. Затоа, гледам многу причини заедно со жителите на Општина Аеродром да продолжиме да го одиме овој пат – изјави градоначалникот Марин.

И неговиот сопартиец, пратеникот од редовите на на СДСМ, Александар Филиповски исто така објави дека тој е новиот кандидат за градоначалник на општината.

Ја прифатив номинацијата од страна на многу членови од сите месни организации во ОО Аеродром.  Време е за нова енергија – заедно да работиме за #НајдобротоЗаАеродром. Ја барам поддршката од Социјалдемократскиот сојуз за мојата кандидатура за градоначалник на Општина Аеродром, напиша Филиповски на Фејсбук.

Вели дека знае што му е потребно на Аеродром за да биде подобра општина.

-Подготвивме навистина квалитетна програма за следните четири годинии. Целото мое знаење и искуство ќе го вложам во градење на локална самоуправа која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Во Аеродром пораснав, го познавам секој дел од општината и знам што е потребно за да биде подобро. Токму затоа ќе ми биде чест и задоволство да го дадам својот придонес. Заедно да создадеме место каде што ќе растат и ќе се развиваат уште многу идни генерации, вели Филиповски.

05.07.2021 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега