Македонија се разбуди со вистински зимски температури и снежни врнежи на повисоките места. Според официјалните мерења на УХМР, планинскиот центар Попова Шапка води со највисока снежна покривка, додека во Малешевијата се измерени најниските температури во земјата.

Студениот бран кој го зафати регионот донесе потнулати температури во повеќе градови, а најизразено беше во Берово, каде термометарот се спушти најниско под нулата. Снег има и на другите планински превои и ски-центри, што е добра вест за љубителите на зимските спортови, но и предупредување за возачите.

Од УХМР известуваат:

„Најстудено е во Берово, а најмногу снег има на Попова Шапка. Врнежите од снег продолжуваат со променлив интензитет на повисоките планински места.“

На патиштата низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на одредени планински превои е можна појава на голомразица, па се апелира за внимателно возење и задолжително поседување на зимска опрема.

Exit mobile version