Зимска бура од мраз и снег предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај во североисточниот дел на САД и регионот на Големите езера, при што денеска се откажани или одложени повеќе од 2.000 летови. Бурата дојде во еден од најфреквентните периоди за патување, меѓу Божиќ и Нова година, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News).
Според податоците, до вчера наутро во Њујорк наврнале нешто помалку од три инчи снег, што е околу половина од количината што ја предвидуваа дел од прогнозите. Сепак, временските услови беа доволни за значителни прекини во авиосообраќајот. Од петокот наваму, на ниво на целата земја се откажани најмалку 2.700 летови, додека илјадници други се соочиле со доцнења, покажуваат податоците на веб-страницата FlightAware.
Меѓународните аеродроми Њуарк Либерти, Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија уште во петокот преку социјалните мрежи ги предупредија патниците за опасност од снег и потенцијални нарушувања на распоредот на летовите.
Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, прогласи вонредна состојба во повеќе од половина од државата пред пристигнувањето на бурата и во изјава за CBS News New York апелираше граѓаните да ги одложат патувањата доколку не се неопходни.
Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за опасни услови за патување кои се протегаат од регионот на Големите езера, преку северниот Средноатлантски регион, па сè до јужна Нова Англија, со можност за прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Со предупредувањата директно се опфатени повеќе од 13 милиони луѓе, додека уште околу 7,7 милиони се во зона каде што постои можност за појава на бура. Најстроги предупредувања се издадени за делови од централна Пенсилванија, државата Њујорк и северните региони

