Зимата се враќа назад - повторно снег и ниски температури

 

УХМР за утре прогнозира претежно суво време со умерен до засилен западен ветер особено на југозападот. Во среда повторно ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на запад и потоа ќе се прошират кон север, а врнежите ќе бидат од снег, понекаде во овие подрачја и на височина од 1.500 метри.

Од ноќта кон четврток ќе има значително заладување поради што врнежите кои од ноќта ќе се прошират од запад кон исток при тоа ќе поминуваат од дожд во снег. Во четврток ноќта и претпладне ќе има појава на замрзнат дожд на патиштата, а преку денот на југоистокот врнежите ќе се претежно од дожд. Врнежи со помал интензитет, претежно снежни, се очекуваат и во петок кога ќе биде најстудено.

 

 

 

19.03.2018 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега