На планинските врвови во Србија и регионот во текот на изминатите денови падна првиот снег за сезоната. На социјалните мрежи се споделуваат слики од обилна лапавица на Голија, како и на скијачките центри на Копаоник.

Во соседна Босна и Херцеговина, снегот ја покри и планината Бјелашница, создавајќи зимска сцена на падините.

Првите снежни врнежи најавуваат студен период и на планинските предели и ги потсетуваат граѓаните да се подготват за зимската сезона.

Leave A Reply

Exit mobile version