Зимата не се предава: Од утре драстична промена на времето- ниски температури, дожд и снег

Под влијание на значително постудена воздушна маса од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за 10 степени во однос на денешната.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2019 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега