Зидан позитивен на коронавирус и во моментов е во изолација

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде позитивен тест на Ковид 19 на последното тестирање на целиот тим, потврдија од клубот.

Повеќе информации не се откриваат, но ова значи дека 48-годишниот стратег нема да го води Реал на утрешното гостување кај Алавес во раките од 20то коло од Примера.

Зидан во моментов е во изолација и ќе остане се додека не даде негативен тест, но најверојатно нема да биде на клупата и за следниот меч против Леванте.

 
 

Зидан во последно време е во центарот на вниманието после серијата на лоши резултати, поразот во Суперкупот и срамната елиминација од Купот, па се шпекулира за тренерска смена во Реал Мадрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега