Зибери: Во Владата на ДУИ министрите ќе депонираат оставки на денот на нивниот избор

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска на прес-конференција ги презентираше принципите по кои би функционирала
Владата на ДУИ. Зибери посочи на транспарентност во управувањето, одговорност, ефикасност и професионалност како клучни принципи по кои ќе се раководи во неговиот
премиерски мандат.

– Ние мора да го напуштиме клишето на досегашното управување со Владата на затворени седници, Транспарентноста е основниот елемент и принципот на секоја демократија, затоа во новиот мандат ќе се заложам седниците на Владата во иднина да бидат јавно достапни, така што јавноста може директно да ги следи. Содржината на владините седници не треба да бидат предмет на разни гласини, толкувања и меѓусебни несогласувања. Дебатите и одлуките на Владата треба да бидат достапни за јавноста за граѓаните да бидат информирани за сите круцијални теми„ истакна Зибери, посочувајќи дека овој принцип ќе се имплементира неделно, како што се организирани и редовните
седници на Владата.

На седници на владата ќе биде поканет и најистакнатиот експерт во одредени области кога темата на Владата ќе бидат основните реформи за прашања од економски развој, образованието, социјална помош и други специфични сегменти од општествено значење. Тоа е затоа што, рече Зибери, неопходно е пред донесувањето на одлуките да се слушне гласот на експертите и на луѓето од науката.

Нагласи и дека одговорноста треба да биде основен принцип на функционирање на која
било Влада и затоа ќе побара, рече, уште на самиот ден кога ќе бидат назначени новите министри и заменици-министри, да му достават изјава за оставка, за во моментот кога премиерот ќе процени дека е потребно да се направат измени и освежувања во неговиот кабинет, тоа веднаш да се спроведе.

Притоа укажа на мерката со која секој министер ќе биде предмет на процес на верификација на спроведувањето на владините политики на секои два месеца, со што ќе се создаде можност за оценка на носителот на јавната фунцкија од аспект на неговата инвентивност, успешност и активност.

-Доколку одреден министер не ги исполни критериумите и стандардите што ќе ги поставам во тој момент, ќе ја активирам однапред доставената оставка, истакна Зибери.

Вети и посебно внимание за важните меѓународни практики и особено во насока на стекнување на меѓународно искуство во лидерство и управување, како и создавање економски политики што ќе бидат во функција на развојот на приватниот сектор. За привлекување меѓународните искуство, Зибери најави дека при формирањето на идната
Влада ќе ги замоли партнерите на коалицијата – 20 проценти од позициите кои ќе ги предложат, без разлика дали се во ранг на министри, заменици-министри или директори на државни институции, да бидат од дијаспората, или, пак, еминентни претставници со докажано искуство од бизнисот.

– За среќа, имаме албански, македонски и други граѓани кои се докажани на меѓународниот пазар, а на Северна Македонија ѝ е потребно ова искуство. Верувам дека владата изградена врз основа на овие темели и врз овие принципи може да биде многу поефикасна, може да биде многу поуспешна, може да биде многу потранспарентна и, пред сè, одговорна, истакна Насер Зибери, кандидат на ДУИ  за премиер. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега