Зибери: Референдумот и договорот под знак прашалник

 

Правникот Насер Зибери смета референдумот за името е ставен под знак прашалник и смеета дека со оглед на моменталната состојба, референдумот не мора да се одржи врз основа на на Договорот во Преспа, објави Алсат-М.

Тој додава дека дополнителна пречка претставуваат отворените прашања кои ги имаат власта и опозицијата. Во врска со одредување датум за одржување на референдумот, Зибери смета дека власта треба да се консултира со опозицијата, а потоа опозицијата да даде поддршка за уставни измени.

„Да, јас мислам дека рокот за референдумот се става под знак прашалник, имајќи предвид дека врз основа на билатералниот договор со Грција, до крајот на оваа година, треба да биде затворено и прашањето на референдумот и на уставните промени. Денот на референдумот не може да се определи се додека не се состави ДИК, која треба да ги направи претходните подготовки за одржување на референдумот, негово организирање, објавување на резултатите, итн. Така, секоја активност која не се одвива во рамките на многу кратко време ќе го стави под знак прашалник времето за одржување на референдумот и уставните промени согласно одредбите од Договорт во Преспа. Доколку постои подготвеност да се изнајде заеднички јазик во однос на прашањето за референдумот, кое верувам дека ќе биде многу дискутабилно и карактерот на референдумот, дали ќе биде консултативен или обврзувачки, доколку за овие две прашања се изнајде заеднички јазик, се разбира дека потоа опозицијата презема товар врз себе за да ги почитува резултатите од референдумот, што значи дека ќе ја почитува и постапката за уставните промени, кои ќе ја имплементираат донесената одлука на референдум. Лично, скептичен сум дека опозицијата ќе биде подготвена да даде согласност и заеднички јазик за двете прашања и за карактерот на референдумот и за прашањето на референдумот“, изјави Насер Зибери, правник.

 
 

 

 

13.07.2018 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа