Зибери: ДУИ ќе одлучува кој ќе биде премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада

Насер Зибери кој беше кандидат за прв премиер Албанец во Македонија, а сега избран за омбдусман вели дека одлука на ДУИ ќе биде кого да го номинира за премиер Албанец во последните 100 дена од оваа Влада, пренесува „ТВ 21“

За тоа одлучува Али Ахмети, додава Зибери, потенцирајќи дека политичките амбциите на Албанците не завршуваат со отворање на Универзитет на албански јазик и избор на претседател на Собрание или Министер за надворешни работи.

„Ние треба да имаме премиер Албанец и тоа не е неостварливо. Не е важно дали јас ќе бидам премиер или друг, но добра порака е за соживот во иднина да има премиер Албанец и тоа ќе биде“, рече Зибери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.

Зибери додава дека иако тој бил кандидат за премиер, утре може да биде некој друг, прашањето не е затворено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа