Жугиќ: Шилегов ништо не направи за Скопје

Денеска во емисијата „Студио” на Канал 77, Јелена Жугиќ советничка во Советот на Град Скопје, истакна дека дебатата на менување на имиња на улици е само еден де фокус на градоначалникот Петре Шилегов кој ќе предизвика фискални последици.

-Луѓе, фирми ќе треба да се пререгистрираат на новите адреси. Но, целта на Шилегов е да си го заврши мандатот со враќање на “Мексичка”. Браво. Ако градоначалникот мисли да ја врати улицата “Првомајска”, а при тоа зборува за некаква колективна меморија на скопјани мислам дека уште поголема папазјанија ќе направи. Која улица ќе биде “Првомајска” ако не сегашната “Борис Трајковски”. Ние ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција во Град Скопје баравме таа точка да се симне од дневен ред. Со цел да бидат запазени сите процедури. Во 2019 година градот објавил јавен повик до граѓаните да излезат со предлози за имиња на улиците и да ги праќаат по маил. Градот оформил комисија, но во таа комисија има и членови од ВМРО-ДПМНЕ кои не биле уредно поканети да присуствуваат на состанокот, но и да биле повикани тие ќе одбиеле да даваат легитимитет на ваква папазјанија. За да се направи ваков чекор со прекрстување на улиците, прво треба да биде консултиран Институтот за историја, како и еминентни авторитети во Град Скопје и во државата, вели Жугиќ.

-Ако градоначалникот Петре Шилегов вели дека таа комисија работела напорно да ги селектира имињата, зошто тогаш е оставена “Првомајска”, праша Жугиќ.

-Мислам дека на крајот мандатот на Шилегов ќе се сведе на тоа да си ја врати “Мексичка” и тоа е тоа. А мексичка воопшто не е ни македонски збор, туку мексиканска, ако гледаме во однос на нашиот литературен јазик. Кога веќе менувате, имајте на ум дека во ова време во кое живееме кога ни е разнишан и ни се руши идентитетот по сите основи, воопшто нема да биде лошо ние да ги обележиме улиците со наши македонски еминентни дејци, научници, писатели, поети. Она што нас жителите на Скопје ни го пренесуваат е тоа да се даде акцент на македонските дејци. Ако Влатко Стефановски и “Леб и сол” ја почнале својата кариера на “Мексичка“, мислам дека најдобро би било таа улица да се преименува во “Леб и сол”, посочи Жугиќ.

Според Жугиќ, оваа дебата на менување на имиња на улици е само еден де фокус на градоначалникот Шилегов кој ќе предизвика фискални последици.

-Луѓе, фирми ќе треба да се пререгистрираат на новите адреси. Но, целта на Шилегов е да си го заврши мандатот со враќање на “Мексичка”. Браво. Идејата е нешто поконкретно да се сработи. Каде е решението за загадувањето, Универзална сала, нови улици, крупни проекти, дупките на улиците не се закрпени и тоа во строгото централно подрачје на Скопје. Градоначалникот Шилегов не може и не смее да не ја заврши Универзална сала до крајот на неговиот мандат. Завчера го прашувам Шилегов до каде е со тој проект, тој ми одговори дека ќе сум добиела на писмено одговор, истакна Жугиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега