Животот во Грција се враќа во нормала после бурата - едните се капат, другите се враќаат во родните земји

Чистата вода и електричната енергија се вратија во повеќето грчки летувалишта, плажите се исчистени, но без лежалки и чадори, комуналците ги чистата населбите, но дел од исплашените туристи одлучија да го прекинат одморот.

Состојбата после невремето кое пред три дена се случи во полуостровот Халкидики во Грција и кое однесе 7 животи, додека околу 120 се повредени, меѓу кои и седум државјани на Србија, полека се враќа во нормала, иако уште има помали места во кои нема струја и вода.

„На Халкидики денеска осамна убав и сончев ден“, објавија на ФБ.

Се наведува дека ситуацијата повеќе не ее алармантна, но и дека стуја и вода се уште не добиле некои места.

Во силното невреме пред два дена, а кое траеше само 20 минути, шест туристи и грчки рибар го загубија животот, а повеќе од 100 лица се повредени.

Според првичните информации на полицијата, загинаа две постари лица од Чешка, жена и осумгодишно дете од Романија и маж и дете од Русија.

Меѓу повредените има и седум лица од Србија, меѓу кои е и едно 13-годишно девојче кое е задржано во болница и е во добра состојба, додека шестмина српски државјани по укажаната медицинска помош во четвртокот се пуштени од болница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега