Живее во луксуз, а многумина го сметаат за наследник на Ким- Кој е внукот на Ким Јонг-Ун кој е под заштита на ЦИА

Според списанието "NewYorker", ЦИА го ставила внукот на Ким Јонг Ун, Ким Хан Сол во заштитна програма само неколку дена откако неговиот татко бил убиен со нервен агенс.

Ким Хан Сол побарал помош од "Free Joseon", група "борци за слобода" чија цел е рушење на диктатурата на Ким Јон Ун, само неколку дена откако над неговиот татко бил извршен атентат на преполниот аеродромски терминал во Куала Лумпур во 2017-та година, рекол портпаролот на споменатата група за "NewYorker". 

Многумина го сметале Сол за вистински наследник на Големиот лидер, неговиот дедо Ким Јонг Ил, а неговото фаќање е пресудно за Ким Јонг Ун, велат од групата.

Сол побегнал од Макао со својата мајка и сестра, откако забележал дека нивната полициска стража исчезнала по убиството на неговиот татко.

Семејството потоа минало цел ден на аеродромот во тајванската престолнина Тајпеј со агент на "Free Joseon" кој се обидел да преговара со најмалку три држави да го примат семејството.

Кога конечно договориле лет за Холандија, агентот за продажба на карти одбил да им дозволи да се качат на авионот, а неколку часа подоцна пристигнале двајца мажи кои се идентификувале како офицери на ЦИА.

Агентите инсистирале да им се приклучат на Сол и неговото семејство кого конечно добиле лет за Амстердам, но таму не ни пристигнале.

Сол последен пат бил виден во кратко видео кое го снимила групата борци за слобода, во кое Сол се заблагодарил за помошта непосредно пред качувањето на авионот.

Неколку извори рекле дека агентите го одвеле Хан Сол и неговото семејство на друго место. Не е јасно дали во Холандија или во некоја друга држава.

ЦИА одбила да ги коментира наводите на "NewYorker".

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа