Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за температурите на воздухот измерени во 14:00 часот низ мерните станици во Македонија.

Според податоците од табелата, највисока температура во 14 часот е измерена во Демир Капија, каде што живата на термометарот се искачи на 37,3 степени Целзиусови.

Веднаш зад неа се Кавадарци и Скопје (Зајчев Рид) со измерени 37,2 степени, додека во Гевгелија се измерени точно 37,0 степени.

Високи температури се забележани и во останатите градови:

  • Велес – 36,5°C
  • Скопје-Петровец – 36,3°C
  • Струмица – 36,1°C
  • Куманово – 35,8°C
  • Штип – 35,0°C

Попријатно време и пониски температури во истиот период се измерени во планинските места, односно на Попова Шапка 21,1 степени, во Крушево 28,1 степен, а во Охрид се измерени 30,5 степени Целзиусови.

Exit mobile version