Жителите на Осиек очајни: Наезда на комарци го прават животот невозможен- маж добил стотина убоди за само 45 минути (ФОТО)

Жители на Осиек се жалат на инвазија на комарци кои веќе со денови ги напаѓаат и се чини дека со топлите денови стануваат се поагресивни, па не можат да излезат од дома.

34- годишниот Иван од Осиек се фотографирал и ја објавил фотографијата на порталот „24 сата“, а глерката е неверојатна.

„Невозможно е да се живее вака, не може да се излезе надвор, во ои 34 години не сум видел вакви наезда на комарци.Не можеме да излегуваме надвор. Ни остануваме единствено да седиме затворени дома, а најлошо е за децата“, раскажува Иван Згребац за хрватските медиуми, кој се жали дека за 45 минути добил стотина убоди од комарци на грбот.

Со затоплувањето и високите температури почнала и наездата на комарци предизвикана од дождливата пролет и порастот на водостојот, што е идеален услов за разможување на комарците.

Комарецот има способност за миграција 70-ина километри. Граѓаните сметаат дека битката со инсектите е однапред изгубена ако не се вклучат авионите за нивно уништување.

Медиумите пишуваат дека побарувачката за спрејови е огромна, а жителите на Осиек се жалат дека мирисаат на аутан и дека живеат во „комарцоград“.

Децата што се алергични на убоди на комарци буквално се заробени во своите домови од кои не може да излезат… Но, и таму комарците сè почесто наоѓаат начин да влезат во роеви.

„Користиме секакви средства против инсекти, ставивме и комарници, но тие сепак успеваат да влезат дома“, велат жителите на Осиек.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега