Жителите на Ново Маало: Имаме право на нормални услови за живот како сите граѓани на Скопје

Сите оние кои од комфорот на своите станови се противат на проектот кај Холидеј ин треба да дојдат и да ги погледнат условите во кои се живее овде. Повеќе од 50 години живот во услови како од 19 век, а фотографиите кои ги испраќаме бараме медиумите да ги објават во целост за сите да ги видат.

Овде нема ниту зеленило, ниту инфрааструктура, ниту основни услови за движење низ улиците. Се зборува за заштита на зеленилото, а факт е дека тука во моментов нема никакво зеленило освен руиниран асфалт и стари улици.

Според проектот ќе има многу пати повеќе зеленило од сега и навистина е нејасно зошто некој се противи на тоа. Даваме целосна поддршка на проектот со кој конечно се става крај на нашата голгота и хаосот кој владее среде центарот на Скопје.

Зошто ние како граѓани имаме помалку права од другите граѓани во Аеродром, Карпош и останатите населби? Како тие може да градат на своите имоти, да надградуваат или реновираат, а ние сме дискриминирани и со години не може да си го решиме проблемот?

Овој проект го решава деценискиот проблем на преку 200 жители на Ново Маало и обезбедува многу зеленило и јавен простор. Силно ќе се спротивставиме на сите обиди да се запре овој проект кој за нас значи нормални услови за живот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега