Жителите на Ѓорче Петров утре излегуваат на протест

Жители на општина Ѓорче Петров повикуваат на протест утре на пладне поради најавата за изградба на 17 катница во месноста Јурија.

Улицата Ѓорчепетровска ќе биде блокирана за сообраќај со цел подигање на свеста кај локалната самоуправа за измена на овој, како што го нарекуваат, самоубиствен план кој ќе биде канцер на Ѓорче Петров.

-Се обидовме на сите можни начини да допреме до надлежните, но за жал не наидовме на слух и овој начин ни остана последен. Ние, граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење ги повикуваме сите граѓани, невладини и владини организации и сите оние кои ги тангира овој проблем да ни се приклучат, се вели во повикот за протест.

Според жителите, во Јурија се планира бетонски ѕид од 58 метри кој ќе содржи 800 станови и во кој ќе се вселат над 3.000 жители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа