Жителите на Бардовци на протест: Стравуваат од изградба на Центар за странци

Жителите на скопско Бардовци го блокираа влезот на селото бидејќи велат оти дознале дека на 100 метри од селото ќе се гради прифатен центар за странци.

Велат дека не биле информирани за изградбата на Центарот и бараат општина Карпош да им објасни за што се работи.

-Сите се излезени тука дека се вознемирени дека не се консултирани. Бараат да излезе некој од институциите да разговара со нив. По правило треба да се распише референдум, населението да се праша, вели еден од жителите на Бардовци во изјава за Телма.

Прашан од што стравуваат, рече дека Центарот ќе ја загрози сигурноста во Бардовци.

-Досега мирот на Бардовци бил идеален. Понатаму, ако се изгради тоа во нашата околина, што е на само 100 метри воздушна линија од куќите, жителите не веруваат дека ќе има мир, и сигурност како што имале досега, вели жителите на Бардовци.

 

 

09.08.2021 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега