Жител на Крива Паланка тешко повреден откако паднал од мопед

На крстосницата од ул. 1 во с. Кучевиште, скопско и локален пат кон манастир на 14.05.2022 во 17.00 часот мопед „јијинг“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(31) од Крива Паланка, изгубил контрола и паднал на коловозот.

 

Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

15.05.2022 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа