Жител на Чешиново со железен предмет замавнал кон полицаец кој го фатил како пали стрниште

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против П.М.(64) од с.Чешиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

На 3.3.2020, на место викано Кула, во атар на с.Чешиново, ја загрозил сигурноста на полициски службеник од Кочани на тој начин што замавнувал кон него со железен предмет, упатувајќи притоа сериозни закани по неговиот живот, откако полицискиот службеник, кој бил на службена должност, го затекнал пријавениот како потпалува стрниште во нива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.03.2020 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега