Жител на битолско Кукуречани пронајден мртов во бунар во селото

55-годишен жител на битолското село Кукуречани бил пронајден мртов во бунар во селото, соопшти полицијата.

„На 23.11.2021 во СВР Битола било пријавено дека во бунар во с.Кукуречани било пронајдено телото на Б.М.(55) од с.Кукуречани. Телото било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,“ се вели во полициското соопштение.

Увид извршила екипа на СВР Битола.

 

24.11.2021 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега