Жестока кавга меѓу Вилијам и Хари за која не се пишувало - нивниот однос повеќе никогаш не бил ист

Односот меѓу принцот Вилијам и принцот Хари никогаш не бил вака затегнат, и покрај тоа што браќата ја демантирале таа вест односно дека Вилијам го малтретирал Хари додека тој не отстапил од своите должности како постар член на кралското семејство.

Британските принцоеви вчера објавиле заедничко соопштение во кое ги негирале медиумските извештаи дека Хари се чувствувал малтретирано и дека затоа со својата сопруга Меган Маркл го напуштил кралското семејство, што кренало голема прашина.

Мѓутоа, според пишувањата на британскиот Сан, односите меѓу браќата се напнати и длабоко оштетени, до што дошло после неколку бесни испади.

Односот меѓу браќата никогаш не се поправил од кавгата која ја имале пред нивните семејства првпат да се појават заедно во јавност со синот на Хари, Арчи, минатата година. Тогаш во Билингберскиот пар во Вокингем бил одигран хуманитарен поло меч во кој учествувале Хари и Вилијам, а поддршка им пружиле сопругите со децата.

ЈМеѓутоа, според извори блиски на британското семејство, имале бурна кавга. Вилијам оттогаш велел дека Хари многу се променил и дека грубо разговара со вработените.

После поло мечот фотографии од насмеаното семејство се појавиле во насловните страници, но од тој ден односот меѓу Вилијам и Хари повеќе никогаш не бил ист.

„Тажно е колку нивниот однос се оштети. Секогаш ќе се сакаат како браќа, но работите никогаш не биле вака лоши. Хари чувствува дека Вилијам и Кејт никогаш не ѝ дале шанса на Меган. И сега во таа состојба тие двајца ја напуштаат земјата“, рекол изворот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега