Жесток одговор на Путин и Роханиј за нападот: Со инвазија на Сирија само ги охрабривте терористите

 

Лидерите на Русија и Иран соопштиле дека нападот на САД, Франција и Велика Британија го искомплицирало постигнувањето на политички решенија за седумгодишната војна во Сирија.

Претседателот на Рсуија, Владимир Путин разговарал по телефон со иранскиот претседател Хасан Роханиј и се сложиле дека нападот на Сирија е „нелегална акција која негативно влијае на политичкото решение во Сирија“, соопштува Кремљ.

Путин додал дека нападите ќе доведат до хаос на меѓународната сцена доколку продолжат.

Се огласил и лидерот на Либан, Хезболах Сајед Хасан Насралах кој рекл денеска дека нападот врз Сирија не доведува до ништо - не помогнал ниту кај бунтовниците во Сиија, ниту послужил во интерес на Израел.

Насралах рекол дека војската на САД се воздржувала, бидејќи знаеле дека нападот ќе предизвика одмазда на Дамаск и неговите сојузници и на тој начин ќе го „запали“ регионот.

 

 

 

16.04.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа