Жештините ги надминуваат сите рекорди: Истражувачите со нови најави - земјата „се вари“

Податоците кои во четвртокот ги објавија американските научници за јуни го покажуваат дека луѓето во Европа и деловите од Африка и Јужна Америка веќе го знаат, а веќе и го почувствуваа на своја кожа.

Температурите ширум светот ги собориле рекордните вредности за тој месец. Јуни 2019 години беше најтопол во изминатите 140 години колку што се мери и бележи температурата, покажува анализата на Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Претходно рекорд држеше температурата во 2016 година. Глобалниот климатски извештај на НОАА за јуни покажува дека температурата на тлото и океаните е 0,95 степени над просекот за 20. век од 15,5 степени Целзиусови.

Рекордно високи температури за јуни 2019 година беа забележани во делови од централна и источна Европа, Северна Русија, Азија, Африка, Јужна Америка и над делови на Индискиот, Тихиот и Атланскиот океан, според НОАА.

Според најновите истражувања, кои ги објавил британскиот Гардијан, до 2050 година 77% од градовите ќе поминат низ драматични и потенцијални катастрофални промени.

Во секој дел од светот расте можноста за метеоролошки појави кои на тоа подрачје не биле забележани и тоа за 22%.

Истражувачите заклучиле дека до 2050 година градовите од северната хемисфера, со моментално умерена или ладна клима, во иднина ќе личат на градовите кои се 1.000 килоемтри поблиску до екваторот,

Посебно ќе бидат погодени европските градови, а според предвидувањата на научниците, Лондон до 2050 по температурите ќе наликува на Барселона, во Москва ќе биде како во Софија, а во Стокхолм како во Виена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2019 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега