Жерновски: НАТО се подготвува за македонското знаме

Пред седиштето на НАТО се прават последните подготовки за подигнување на знамето на Северна Македонија како 30. членка на Алијансата, објавија на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

– Последни подготовки пред седиштето на НАТО за подигање на нашето знаме. Стануваме 30та земја членка на најсилната воено политичка Алијанса! Тоа е причина за заедничка гордост!, напиша Шакеринска.

НАТО се подготвува за македонското знаме, објави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

-Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме, напиша Жерновски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега