Жените се заљубени во него, а тој одбил дури 300 од нив - ја бара совршената, а има еден услов

Маж, познат под името Хулк од Пакистан, но и по својата јачина одлучил да си најде жена која мора да исполни одредени услови.

Пакистанецот (27) е толку силен што влече трактори и поместува автомобил со една рака. Тој открил дека веќе одбил неколку заинтересирани девојки бидејќи не му одговарала.

Арбаб Кизер Хајат е висок 197 сантиметри и тежок 444 килограми. Веќе неколку години очајно бара љубов, особено откако неговите родители почнале да го притискаат да се ожени.

-Потребна ми е силна, крупна жена која не би можел да ја повредам. Сите жени кои сакаа да се омажат за мене беа многу слаби, истакна тој, а тогаш прецизирал како би требало да изгледа неговата совршена жена.

Мора да има 100 килограми, да биде висока 192 сантиметри, за добро да изгледаат заедно. Тој додава дека веќе одбил околу 300 девојки кои не одговарале.

За да ја одржи својата сила, Хајат дневно јаде 4 пилиња, 36 јајца, 3 килограми месо и пие пет литри млеко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 14:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега