Жените ова погрешно го прават - вака алиштата ќе бидат почисти и ќе се сушат 3 пати побрзо

Шенон Луш од Австралија е експерт за домашни работи и сите домаќинки едвај ги чекаат нејзините совети.

Сега, во разговор со Newscorp рекла дека кај жените е популарно верувањето дека колку повеќе детергент ќе стават во машината толку ќе е почиста облеката.

Но, тоа воопшто не е точно.

Додала дека луѓето често поради „премногу испраните“ пешкири добиваат осип или иритација на кожата. Причината е едноставна. Вишокот сапун се лепи за ткаенината и со сушење се загрева.

Затоа пешкирите од сушница излегуваат меки и убави, а веќе следниот ден го добиваат својот класичен, груб облик.

Луш советува дека од при употреба на детергент треба да се водите по девизата - помалку е повеќе.

Во машината за алишта од предната страна доволно е да ставиме осмина од препорачаната количина детергент или течност. Оние кои се полнат одозгора бараат четвртина иста количина.

Ако ве интересира како да го скратите времето со сушење на алиштата,  ова е нејзиниот совет. Ставете сув пешкир во машината.

Таа тврди дека мокрите алишта ќе се исушат три пати побрзо. 

Исто така, таа верува дека омекнувачите на алишта не делуваат.

-Основата на омекнувачите е масло кое се лепи за облеката при перење. Подобро ставете оцет наместо омекнувач. Верувајте ми дека нема да имаат мирис на крајот - порачала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега