Жените го изгубија правото на абортус: Врховниот суд на САД ја укина пресудата со која абортусот беше легализиран

Врховниот суд на САД денеска ја поништи 50-годишната пресуда со која се легализираше абортусот во целата земја, поради што милиони жени ќе го изгубат законското право на абортус.

Судот ја поништи значајната одлука во случајот „Роу против Вејд“, со која технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД.

Сега државите одделно можат да одлучуваат за законитоста на абортусот.

„Сметаме дека Уставот не дава право на абортус и овластувањето за регулирање на прашањето за абортусот мора да им се врати на граѓаните и нивните избрани претставници“, се наведува во соопштението.

 

24.06.2022 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега