„Жената мора да биде попривлечна од мене за да ме наследи“ - Далај Лама мораше да се извини за својата изјава

Духовниот водач на Тибетанците Далај Лама се иозвини денеска поради коментарот оценет како сексистички, а во кој вели дека жената која би го наследила требала да биде „привлечна“.

Далај Лама изразил длабоко жалење што со таа изјава ги повредил луѓето и искрено се извинил, навела неговата прес служба.

„Понекогаш се случува некој спонтан коментар, кој може да биде забавен во еден културен контекст, но да го изгуби духовитиот карактер при изведувањето“, навела службата на Далај Лама.

Тој во интервју за британската телевизиска мрежа Би-Би-Си рекол дека е отворен за можност да го наследи жена „под услов да биде привлечна“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2019 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега