Жена живеела во камп приколка, а друштво и правеле 320 глувци

Во камп приколка во која престојувала жена во градот Сан Диего, во сојузната американска држава Калифорнија, се пронајдени 320 глувци.

По жалбите од жители на Сан Диего, службите отишле во камп приколката во која престојувала жената, а по разговорот со неа тие собрале вкупно 320 глувци кои таа ги хранела.

Во секој дел од камп приколката биле пронајдени глувци кои направиле дупки.

Се наведува дека жената која живее во камп приколката на почетокот имала само два глувци, а тој број со текот на времето достигнал 320.

Жената признала дека нејзината ситуација излегла од контрола, па ќе го промени местото на престојување и повеќе нема да живее во истата камп приколка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега