Жена заразена со Ковид-19 патувала во преполн автобус од БиХ до Германија

Медиумите од регионот викендот ја пренесоа веста за државјанка на БиХ, која била запрена на германската граница, бидејќи била позитивна на Ковид-19.

Таа како што пишуваат медиумите од БиХ заминала за Германија со автобус во кој имало шеесет патници и двајца возачи.

Проблемот настанал во моментот кога патничката им дала на возачите позитивен тест за корона напишан на латиница. Тие ја пуштиле во автобусот и таа успеала да ја мине границата меѓу Хрватска и Србија без никаков проблем.

Жената била приведена од полицијата на германската граница, пренесуваат германските медиуми.

Компанијата, чиј автобус и возачи се во прашање, најави тужба против патничката за загрозување на животот на патниците и возачите како и за трошоците направени при организирање на враќање на патниците на кои им бил забранет влез во Германија.

Проблемот настанал кај тестот кој бил преведен на германски јазик, но дијагнозата била напишана на латиница.

Медиумите информираат дека возачите не знаеле дека таа дијагноза значи дека тестот е позитивен, па ја пуштиле патничката во автобусот”.

Засега е непознато зошто здравствената установа што го издала позитивниот наод не реагирала и не ја извршила пропишаната постапка, како и дали патничката била свесна дека е заразена, пишуваат медиумите во регионот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега