Вчера во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10:00 часот на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Караорман“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(52) од с.Велгошти, охридско, удрило во 83-годишната П.М. од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.М., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Актуелно
- Украинскиот парламент без одлука: Не е изгласан нов министер за одбрана
- СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане
- Трамп им порача на демонстрантите во Иран: Помошта доаѓа
- Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правниции на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН
- Скандал во Албанија: Мистериозно испразнети банкарски картички, парите се трошеле низ цела Европа
- Проштална средба во вила Водно: Сиљановска Давкова се заблагодари на Агелер за зацврстување на сојузништвото со САД
- Трамп: Доаѓа денот на пресметка и одмазда
- Трагедија во Австрија: Скијачка загина во лавина во Тирол

