Жена повредена во сообраќајка во Охрид- со тешки повреди итно пренесена во болница

Едно лице повредено во сообраќајка во Охрид, по што со тешки повреди бло пренесено во болница.

-На 12.01.2020 во 08.55 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.Ј.(53) од с.Волино, општина Дебрца и патничко возило „форд фокус“, управувано од В.Н.(32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „рено“ С.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид- информираат од полиција.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега