Жена почина од Ковид 19 во болницата во Тетово

Во изминатите 24 часа во тетовската клиничка болница починало едно лице хоспитализирано во ковид – центарот. Од почетокот на пандемијата, според податоците на Институтот за јавно здравје, ова е 553 смртен случај во тетовскиот регион.

– Починатото лице е жена, родена 1942 година од Тетово, со дијагностициран Ковид-19. Била вакцинирана со две дози, а имала и две хронични болести. На лекување била примена на 22 јануари, информира д-р Хасан Илјази од Клиничката болница во Тетово.

Во моментот во ковид – центарот има шест хоспитализирани. За 24 часа имало 82 прегледи и контроли во амбулантата. Од почеток на пандемијата во Тетовско се бројат 12.018 заболени Ковид-19. 

25.01.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега