Жена осудена на една година затвор во Кина – ги криела симптомите пред да се качи во авион

Жена од Кина е осудена на една година затвор за прикривање на симптомите на коронавирусот пред да се качи во авион на меѓународен лет.

Според „Глобал тајмс“, 37-годишната жена во март минатата година земала лекови за да ја намали температурата и да ги прикрие симптомите на коронавирус, пред да се качи на летот од САД кон Кина.

Симптомите ги открила дури откако слетала во Пекинг, кога направила тест кој покажал дека е позитивна на коровавирус, а поради неа 63 лица биле ставени во карантин.

Во октомври минатата година, Народниот суд во Пекинг го оцени нејзиното однесување како кршење на кинеските правила и оцени дека таа претставувала сериозен ризик од ширење на вирусот.

Жената е осудена на една година затвор и една година условна казна за кривично дело попречување на превенција на заразни болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2021 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа