Четириесет и четиригодишна жена од Скопје на 7 јули во 08:25 часот пријавила во СВР Скопје дека на подрачјето на Карпош била ограбена и физички нападната.

Според пријавата, женско лице од нејзиното возило одзело чанта во која имало паричник, лични документи, мобилен телефон, пари и други предмети. По кражбата, лицето физички ја нападнало пријавителката.

Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Exit mobile version