Жена која беше пријавена за исчезната пронајдена мртва во Радовиш

 

Во Полициската станица Радовиш, граѓанин вчера пријавил дека на место викано „Ќучук Ерик“, атар на Радовиш, забележал починато женско лице.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, а од страна на лекар од Јавната здравствена установа Радовиш било констатирано дека на телото нема траги на насислство.

-Лицата Т.М. и С.М. од Радовиш извршиле препознавање на починатото лице и потврдиле дека се работи за нивната мајка Т.М., која на 11.08.2018 година во Полициската станица Радовиш била пријавена за исчезната, информираат од МВР.

 

 

 

17.08.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега