Жена фатена на дело како празни каса во супермаркет во Куманово

Вчера во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(41) од Куманово. Таа била фатена на дело при одземање пари од каса во маркет на ул.„АВНОЈ“  во Куманово. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Е.П. била приведена и задржана во полициска станица, информира МВР
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата

22.09.2022 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега