Железничка несреќа во Македонија: Товарен воз удрил во автомобил- сообраќајот во прекин

Вчера во 17.00 часот било пријавено дека на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес се случила железничка незгода.

Според пијавеното, несреќата се случила помеѓу патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од село Долно Јаболчиште и товарен воз, управуван од Д.Н.(53) од село Лопате, кумановско.

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17.00 до 19.40 часот.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега